Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 147

147
ПСАЛМ 147
Прославување на духовните и телесните дарови Божји
1 # 92,1 Фалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала. 2#51,19; Ис 11,12; 56,7; Ер 31,10Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израел. 3#Ис 61,1; Ер 33,6; Јов 5,18Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни. 4#Ис 40,26Го определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име. 5#Ис 40,28Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов – неизмерлив е. 6#1 Сам 2,7Господ ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја. 7Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог, 8#104,10; Ер 14,22; Јоил 2,23; Јов 5,9-10Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот, 9#104,27-28; Јов 38,41; Мт 6,26на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат. 10#20,7-8; 33,16-18На коњската сила не гледа Тој, ни­ту Му е мила брзината на човеч­ките нозе. 11Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Не­говата милост. 12Слави Го, Ерусалиме, Господа; по­фали Го, Сионе, твојот Бог. 13#48,13; 81,16; 3 Мојс 26,6; Ис 65,18-19; Ер 33,10-11Тој ги зацврсти резињата на вра­тите твои, ги благословува твоите си­нови во Тебе; 14го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува; 15#29,3-4; 33,9; 107,20; Ис 55,10-11го испраќа на земјата Своето сло­во; Неговиот збор брзо оди; 16дава снег како волна; сипува мраз како пепел; 17#Јов 6,16; 37,10; 38,21фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои? 18Ќе го испрати Својот збор, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат. 19#5 Мојс 33,3-4Тој му го објави словото Свое на Јаков, Своите повелби и Своите уредби – на Израел. 20#5 Мојс 4,8; Дела 14,16За никој друг народ Тој не го на­правил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.

Селектирано:

Псалми 147: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се