Псалми 147:1-11
Псалми 147:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Фалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала. Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израел. Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни. Го определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име. Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов – неизмерлив е. Господ ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја. Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог, Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот, на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат. На коњската сила не гледа Тој, ниту Му е мила брзината на човечките нозе. Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Неговата милост.
Псалми 147:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба. Господ го гради Ерусалим, ги собира распрснатите Израелци. Тој ги исцелува оние што се со скршено срце и ги преврзува нивните рани. Тој го одредува бројот на ѕвездите, секоја ја наречува со нејзиното име. Нашиот Бог е велик и Сѐсилен, нема мерка за Неговата мудрост. Господ ги поткрепува понизните, злосторниците ги понизува до земјата. Пејте Му на Господа благодарна песна, свирете Му на псалтир на нашиот Бог! Ги покрива небесата со облаци ѝ и подготвува дожд на земјата; прави да расте трева по горите. Тој му дава храна на добитокот, и на младите гаврани кога гракаат. Тој не се грижи за коњската сила, ниту Му се мили човековите нозе. На Господа Му се мили оние, кои се бојат од Него, кои се надеваат на Неговата милост.