Псалми 122:1-9
Псалми 122:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во домот Господов!“ Ете, нозете наши стојат во твоите дворови, Ерусалиме, – Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина. Таму се искачуваат племињата, Господовите племиња, сведоштвото Израелско, за да се слави името Господово. Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов. Молете се за мир за Ерусалим и нека им биде добро на оние, кои те сакаат! Нека има мир околу ѕидовите твои и спокојство во кулите твои. Поради браќата мои и блиските мои ќе речам: „Мир во тебе!“ Заради домот на Господ, нашиот Бог, ти пожелувам добро.
Псалми 122:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во Господовиот Дом!“ Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме. Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан! Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име. Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом. Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе! Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци! Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!“ Заради Господовиот Дом, на нашиот Бог, јас ќе се молам за твоето добро.