Псалми 121:3-7
Псалми 121:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази; не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израел. Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети. Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
Сподели
Прочитај Псалми 121Псалми 121:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар. Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар. Господ е твој пазител, Господ е твоја сенка, на твојата десна рака. Сонцето нема да ти наштети дење ни месечината ноќе. Господ да те чува од секое зло, да ја чува твојата душа!
Сподели
Прочитај Псалми 121