Псалми 121:1-7
Псалми 121:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне? Мојата помош е од Господ, Кој ги создаде небото и Земјата. Тој нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази; не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израел. Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети. Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
Псалми 121:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ги подигам моите очи кон горите: откаде ќе ми дојде помош? Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар. Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар. Господ е твој пазител, Господ е твоја сенка, на твојата десна рака. Сонцето нема да ти наштети дење ни месечината ноќе. Господ да те чува од секое зло, да ја чува твојата душа!