Псалми 110:1-3
Псалми 110:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Му рече Господ на мојот Господ: „Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои. Жезолот на Твојата сила ќе Ти го прати Господ од Сион: владеј меѓу непријателите Свои. Подготвен е Твојот народ за денот кога ќе ги поведеш Своите војски на светите гори; како роса од утробата на зората, со Тебе се младите борци.
Сподели
Прочитај Псалми 110Псалми 110:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ Му рече на мојот Господ: „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!“ Господ ќе го испружи жезолот на твојата сила од Сион: „Владеј среде Твоите непријатели!“ Во денот на Твојата сила, Твојот народ е готов; во убавината на светината од утробата, пред деницата, Твојата младост е слична на росата.
Сподели
Прочитај Псалми 110