Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:32-42

Псалми 107:32-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Нека Го возвеличуваат со собра­нието народно и нека Го слават во со­ветите на старешините! Тој претвора реки во пустина, и водни извори – во сушна земја, земја плодородна – во солница, по­ради злобата на оние што живеат во неа. Тој претвори пустина во езеро, а сува земја – во земја со водни извори; таму насели гладни, а тие изгра­дија град за живеење; засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови. Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше. Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата, Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта. Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо. Праведните го гледаат тоа и се ра­дуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја.

Псалми 107:32-42 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците! Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја; плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители. Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори. И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат. Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови. И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија. Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите. Оној Кој излива презрение кон кнезовите, ги пушти да скитаат по пусти патишта. Го издига бедниот од неволја и ги умножи семејствата како стадо. Гледајќи го тоа, нека се радуваат чесните, а беззаконикот нека си ја затвори устата!