Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините! Тој претвора реки во пустина, и водни извори – во сушна земја, земја плодородна – во солница, поради злобата на оние што живеат во неа. Тој претвори пустина во езеро, а сува земја – во земја со водни извори; таму насели гладни, а тие изградија град за живеење; засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови. Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше. Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата, Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта. Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо. Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја.
Прочитај Псалми 107
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 107:32-42
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа