Псалми 105:1-5
Псалми 105:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови. Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса. Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа. Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово. Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова
Псалми 105:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите! Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса! Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа! Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице! Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!