Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103:1-13

Псалми 103:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост. Господ им дава милост и правда на сите угнетени. Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои. Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија; зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи; како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

Псалми 103:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Благословувај Го Господа, душо моја, и сѐ што е во Мене: Неговото свето име! Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.