Изреки 5:7-14
Изреки 5:7-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите мои. Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куќата нејзина, за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител; за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и работата твоја да не биде за туѓа куќа, за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истоштени, – зашто потоа ќе речеш: „Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето, зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа? За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!“
Изреки 5:7-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа, сега послушај ме сине, и не отстапувај од зборовите на мојата уста. Твојот пат нека е далеку од неа, и не се приближувај до вратата на нејзината куќа, да не го дадеш цветот на својата младост и своите години на немилостивите; да не се наситат туѓинци од твојот имот, и твојот труд да не отиде во туѓа куќа; да не ридаш на крајот кога ќе бидат истрошени телото и снагата, и да не речеш: „Ох како ја мразев поуката, и како моето срце го презираше укорот! И не го слушав гласот на своите учители, ниту го приклонив увото кон оние што ме поучуваа. И за малку не западнав во секакво зло, среде собирот и заедницата!“