Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 14:26-35

Изреки 14:26-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во стравот пред Господ има голема надеж, и на чедата Свои Тој им е прибежиште. Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта. Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ – пропаст е за господарот. Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. За своето зло безбожниот ќе про­падне, а праведниот и при смртта ќе има надеж. Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот ја нема. Правдата народ подига, а беззаконието срамоти народи. На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.

Изреки 14:26-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови. Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта. Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа. Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост. Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските. Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува. Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште. Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува. Правдата го возвишува народот, а гревот е срам на народите. Царската наклонетост е кон разумниот слуга а неговиот гнев - против оној кој го срами.