Во стравот пред Господ има голема надеж, и на чедата Свои Тој им е прибежиште. Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта. Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ – пропаст е за господарот. Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. За своето зло безбожниот ќе пропадне, а праведниот и при смртта ќе има надеж. Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот ја нема. Правдата народ подига, а беззаконието срамоти народи. На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.
Прочитај Изреки 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 14:26-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа