Филипјаните 4:2-3
Филипјаните 4:2-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господ; а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.
Филипјаните 4:2-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ. Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.
Филипјаните 4:2-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа. Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот.