Филипјаните 4:11-15
Филипјаните 4:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам. Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку. Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови. Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко. Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.
Филипјаните 4:11-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во немаштија. Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи. Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас
Филипјаните 4:11-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум. Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сѐ и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност. Сѐ можам преку Христа, Кој ми дава сила. Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.