Филипјаните 4:11-12
Филипјаните 4:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам. Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.
Филипјаните 4:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во немаштија.
Филипјаните 4:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум. Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сѐ и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност.