Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 6:1-8

Броеви 6:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израелски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господ како назир, тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалак, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје; во сите денови на својот завет тој не смее да јаде ништо што е приготвено од грозје, – од семките до лушпите. Во сите денови на неговиот завет за назирство брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат де­новите, во кои Му се посветил на Господ како назир, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава. Во сите денови, во кои Му се посветил на Господ, тој не смее да се доближува до мртво тело; тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ќе умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова; во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господ.

Броеви 6:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на Израелевите синови и кажи им: ‘Ако некој, било маж или жена, се заветува за назирејство па ако Му се посвети на Господа, нека се воздржува од вино и од секаков жесток пијалак. Нека не пие ни скиселено вино ниту скиселен опоен пијалак; а нека не пие ни некаков сок од грозје, нека не јаде грозје, ни свежо ни суво. За цело време на своето назирејство не смее да јаде ништо што раѓа виновата лоза - од зрното до лушпите.’ ‘Сѐ додека трае неговиот назирејски завет, нека не поминува брич преку неговата глава; додека не се исполни времето што Му го заветувал на Господа, нека биде посветен и нека остави косата да му расте слободно на главата.’ ‘За сето време на својот завет пред Господа нека не се доближува до ниедно мртво тело. Нека не се онечистува ни заради татка си, ни заради мајка си, брата си или сестра си, ако би умреле, зашто на својата глава го носи посветувањето на својот Бог. Тој Му е посветен на Господа за сето време на своето назирејство.’