Броеви 21:5-9
Броеви 21:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и зборуваа луѓето против Бога и против Мојсеј: „Зошто нѐ изведе од Египет, па да умреме во пустинава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?“ И испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу луѓе изумреа од синовите израелски. И дојде народот кај Мојсеј и рече: „Згрешивме кога се побунивме против Господ и против тебе; помоли Му се на Господ да ги отстрани од нас змиите.“ И Мојсеј се помоли за народот. И му рече Господ на Мојсеј: „Направи змија и закачи ја на стап, каснатиот штом ќе ја погледне, ќе остане жив.“ И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на стап, и кога некоја змија ќе каснеше некој човек, тој штом ќе ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.
Броеви 21:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И почна да зборува и против Бога и против Мојсеја: „Зошто нѐ изведовте од Египет, за да изумреме во оваа пустина? Нема леб, нема вода, а тоа бедно јадење веќе им се згади на нашите души.“ Тогаш Господ испрати лути змии против народот; тие ги каснуваа, така што изумре многу народ во Израел. Народот дојде при Мојсеја и рече: „Згрешивме кога зборувавме против Господа и против тебе. Помоли Му се на Господа да ги отстрани змиите од нас!“ Мојсеј се помоли за народот, и Господ му рече на Мојсеја: „Направи отровница и стави ја на столб: секој кој ќе биде каснат, ќе остане жив ако ја погледне.“ Мојсеј направи змија од бронза и ја стави на столб. Кога лутицата ќе каснеше некого, ќе погледнеше во бронзената змија и оздравуваше.