Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 17:1-13

Броеви 17:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере кадилниците на изгорените и огнот да го исфрли, бидејќи тие се осветија, кадилниците на овие грешници по­ра­ди нивната смрт, да се сплескаат на листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Гос­подово, и затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите на Израел.“ Тогаш свештеникот Елеазар, ги зеде бакарните кадилници што ги беа донеле изгорените, и ги сплескаа на листови за оковување на жртвеникот, за да помнат синовите израелски, па никој надворешен, кој не е од Аро­новото семе, да не принесува темјан пред Господ, за да не стане и со него она што стана со Кореј и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеј. На вториот ден целото општество на синовите израелски се побуни против Мојсеј и Арон и рече: „Вие го униш­тивте народот Господов.“ И кога се собра народот, за да ги нападне Мојсеј и Арон, тие се свртеа кон скинијата на собранието, и ете, ја покри облак и славата Господова се јави. И се приближија Мојсеј и Арон кон скинијата на собранието. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Отстранете се од тие луѓе и Јас во еден миг ќе ги погубам!“ Но тие паднаа на колена. И му рече Мојсеј на Арон: „Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што побрзо кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господ, и почна да ги погубува луѓето.“ И направи Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете веќе почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот: застана меѓу мртвите и живите, и поморот престана.

Броеви 17:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Мојсеја: „Образложи им на Израелевите синови и земи од нив по еден жезал за секој прадедовски дом; земи дванаесет жезли од сите нивни старешини за нивните прадедовски домови. Името на секого напиши го врз неговиот жезал. А бидејќи има по еден жезал за секој началник на прадедовските домови, Ароновото име напиши го врз Левиевиот жезал. Тогаш положи ги во Шаторот на средбата пред Сведоштвото; таму каде што Јас ви се јавувам вам. Жезалот на човекот кого ќе го изберам ќе расцвета. Така ќе го смирам ропотот на Израелевите синови, со кого роптаат против вас.“ Мојсеј им кажа на Израелевите синови така. Сите нивни началници му дадоа жезал, по еден жезал за секој старешина, и така, дванаесет жезли за нивните прадедовски домови. Меѓу нивните жезли беше и Ароновиот жезал. Мојсеј ги положи жезлите пред Господа во Шаторот на сведоштвото. Кога на другиот ден Мојсеј влезе во Шаторот на сведоштвото, ете: Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, распупел! Потерала млада гранка, расцветал цвет и созреале бадеми. Тогаш Мојсеј им ги изнесе од пред Господа, сите жезли на Израелевите синови. Тие ги разгледаа, а потоа секој го зеде својот жезал. Господ му рече на Мојсеја: „Положи го пак Ароновиот жезал пред Сведоштвото, на чување, како знак за непокорните, за да прекрати нивното роптање против Мене и за да не изгинат.“ И Мојсеј направи: како што Господ му заповеда, така направи. „Изгинавме - му рекоа Израелевите синови на Мојсеја. Пропаднавме! Сите редум гинеме! Секој, кој ќе се приближи до Господовиот Шатор, умира. Зар ќе изгинеме сите?“