Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 5:6-11

Неемија 5:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога го слушнав нивното леле­кање и тие зборови, многу се јадосав. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, ве­лејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир, па им реков: „Ние, според силите свои, ги откупуваме браќата свои Ју­дејци, продадени на народите, а вие ги продавате браќата свои, и тие ни се продаваат нам?“ Тие молчеа и не знаеја што да одговорат. Тогаш реков: „Не е добро тоа што го правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели? И јас и браќата мои и оние што служат кај мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг. Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и маслото што сте го зеле од нив.“

Неемија 5:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови. Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!“ И свикав голем собир против нив! И реков: „Ние, колку што можевме, ги откупивме своите јудејски браќа, кои им беа продадени на многубошците. А сега вие ги продавате своите браќа, за да ги откупиме!“ Сите молчеа и никој не одговори. Продолжив: „Не е добро тоа што го правите. Не треба ли да одите во стравот на нашиот Бог, за да се отстраниме така од потсмевот на непријателските народи? И јас, и моите браќа, и моите момоци им дававме сребреници и жито. Но долгот им го простивме. Вратете им ги и вие уште денес нивните ниви, лозја, маслиновите градини и нивните куќи, и простете им го стотиот дел во сребреници, во жито, во вино, во масло, што им го наметнавте“.