Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 1:2-11

Неемија 1:2-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

дојде Ананија, еден од моите бра­ќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим. А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижу­вање; а ѕидовите на Ерусалим се урна­ти, и портите негови – со оган изгоре­ни.“ Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен, и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го па­зиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите за­поведи! Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израелови, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израелови, со кои згрешивме пред Те­бе; згрешивме – јас и домот на мојот татко. Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, ве­лејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги из­вршувате, тогаш, макар да сте изго­нети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘ А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака. Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ То­гаш јас бев винар кај царот.

Неемија 1:2-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

дојде Ананиј, еден од моите браќа, со некои луѓе од Јудеја. Јас ги прашав за Евреите - за Остатокот, што се спаси од пленство, и за Ерусалим. Тие ми одговорија: „Остатокот, оние, кои што останаа во земјата по пленувањето, се во голема неволја и срам. Ерусалимскиот ѕид е разурнат сиот, а вратите му се изгорени со оган“. Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав. Тажев повеќе денови, постев и се молев пред небескиот Бог. И реков: „О Господи, небески Боже, велики и страшни Боже, Кој го пазиш Заветот и наклоноста кон оние, кои Те љубат и ги пазат Твоите заповеди! Твоето уво нека биде внимателно и Твоите очи отворени, за да ја чуеш молитвата на Својот слуга. Ти се молам сега, дење и ноќе, за Израелевите синови, Твои слуги, и ги исповедам гревовите на Израелевите синови, што ги направивме против Тебе; согрешивме: јас и куќата на мојот татко! Правевме многу зло спрема Тебе не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди, кои ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга. Но спомни си за зборовите, што му ги довери на Мојсеја, Твојот слуга: ‘Ако бидете неверни, Јас ќе ве распрснам меѓу народите; ама ако Ми се обратите Мене, и ако ги почитувате Моите заповеди и ги држите, ако има некои од вас протерани и до крајот на небото, Јас ќе ве соберам и ќе ве одведам до местото, кое го избрав, за да престојува таму Моето Име’. А, ете, тие се Твои слуги и Твој народ, кои ги избави со Својата голема сила и со Својата моќна рака. Ах, Господи, Твоето уво нека биде внимателно кон молитвата на Твоите слуги, кои се подготвени да се бојат од Твоето Име. Скромно Те молам, додели му денес среќа на Својот слуга и направи да најде милост пред овој човек“. А јас бев тогаш царев виноцрпач.