Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 1

1
ОБНОВУВАЊЕ НА ЅИДОВИТЕ НА ЕРУСАЛИМ И ПОТФАТИ НА НЕЕМИЈА
1:1-7:73
А. Вовед
1. Тага и молитва на Неемија
1Зборови на Неемија, Ахалиевиот син. Во месецот Хаслев, во дваесеттата година, кога бев во столичниот град Шуша, 2дојде Ананиј, еден од моите браќа, со некои луѓе од Јудеја. Јас ги прашав за Евреите - за Остатокот, што се спаси од пленство, и за Ерусалим. 3Тие ми одговорија: „Остатокот, оние, кои што останаа во земјата по пленувањето, се во голема неволја и срам. Ерусалимскиот ѕид е разурнат сиот, а вратите му се изгорени со оган“. 4Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав. Тажев повеќе денови, постев и се молев пред небескиот Бог. 5И реков: „О Господи, небески Боже, велики и страшни Боже, Кој го пазиш Заветот и наклоноста кон оние, кои Те љубат и ги пазат Твоите заповеди! 6Твоето уво нека биде внимателно и Твоите очи отворени, за да ја чуеш молитвата на Својот слуга. Ти се молам сега, дење и ноќе, за Израелевите синови, Твои слуги, и ги исповедам гревовите на Израелевите синови, што ги направивме против Тебе; согрешивме: јас и куќата на мојот татко! 7Правевме многу зло спрема Тебе не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди, кои ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга. 8Но спомни си за зборовите, што му ги довери на Мојсеја, Твојот слуга: ‘Ако бидете неверни, Јас ќе ве распрснам меѓу народите; 9ама ако Ми се обратите Мене, и ако ги почитувате Моите заповеди и ги држите, ако има некои од вас протерани и до крајот на небото, Јас ќе ве соберам и ќе ве одведам до местото, кое го избрав, за да престојува таму Моето Име’. 10А, ете, тие се Твои слуги и Твој народ, кои ги избави со Својата голема сила и со Својата моќна рака. 11Ах, Господи, Твоето уво нека биде внимателно кон молитвата на Твоите слуги, кои се подготвени да се бојат од Твоето Име. Скромно Те молам, додели му денес среќа на Својот слуга и направи да најде милост пред овој човек“. А јас бев тогаш царев виноцрпач.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност