Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:31-38

Марко 8:31-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне. За сето ова им говореше многу отворено. Тогаш Петар Го повлече Исуса настрана, укорувајќи Го дека така зборува. Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“ Тогаш Исус ги повика Своите ученици и народот поблиску до Себе и им рече: “Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки. Зашто, секој што сака да си го запази животот само за себе - ќе го загуби; а ако Ми го посвети Мене и на Евангелието - ќе го зачува. Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? Има ли нешто повредно од твојата душа? Нема причина да се срамите од Мене и од Моето учење пред овој неверен и грешен свет, зашто инаку и Јас, Синот Човечки, ќе се засрамам од вас кога ќе се вратам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели!“

Марко 8:31-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече настрана и почна да Го одвраќа. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сата­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“ И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се сра­ми од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“

Марко 8:31-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“ И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости! Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.“