Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 8:31-38

МАРКО 8:31-38 MKB

И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“ И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси. Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости! Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАРКО 8:31-38