Марко 8:22-26
Марко 8:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус и Неговите ученици отидоа во селото Бетцаида, некои луѓе Му донесоа еден слеп човек и Го молеа со допир да го излекува. Исус го фати за рака и го изведе надвор од селото. Потоа со плунка му ги намачка очите и го праша дали нешто гледа. Човекот го поткрена погледот и рече: „Гледам луѓе, но ги гледам нејасно како дрвја во движење.“ Со Своите раце Исус повторно му ги допре очите. Тогаш човекот наполно прогледа и сe гледаше јасно. Исус му рече: „Сега можеш да си одиш дома, но не наминувај во селото да раскажуваш за ова!“
Марко 8:22-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него. И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето како дрвја, но тие одат.“ Потоа пак ги положи рацете над очите негови и му рече да погледа. И му се поврати видот и ги гледаше сите јасно. И го испрати во домот негов и му рече: „Не навраќај в село!“
Марко 8:22-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре. Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гле-даш ли нешто?“ Ги подигна очите и рече: „Гледам луѓе како одат - ги гледам како дрва.“ Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и прогледа и оздра-ве, и гледаше сѐ јасно. И го ис-прати во неговиот дом, велејќи: „Не влегувај во селото, и никому не раскажувај!“