Потоа дојде во Витсаида; и доведоа кај Него слеп и Го молеа да се допре до него. И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто. Тој, кога погледна, рече: „Ги гледам луѓето како дрвја, но тие одат.“ Потоа пак ги положи рацете над очите негови и му рече да погледа. И му се поврати видот и ги гледаше сите јасно. И го испрати во домот негов и му рече: „Не навраќај в село!“
Прочитај Марко 8
Слушај Марко 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 8:22-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа