Марко 7:6-8
Марко 7:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија: ,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене! Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘ Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!
Марко 7:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е далеку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“
Марко 7:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.