Марко 7:14-19
Марко 7:14-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога го повика сиот народ, им рече: „Слушајте Ме сите и разберете: ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.“
Марко 7:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување! Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“ (Кој има уши, нека слуша!) Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата. А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува, зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна.
Марко 7:14-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш повторно го повика народот при Себе и му рече: „Слушајте ме сите и разберете! Нема ниш-то, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. Кој има уши, нека слуша!“ Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфа-ќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?“ Така ги прогласи сите јадења за чисти.