Марко 2:16-17
Марко 2:16-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“ Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците (на покајание).“
Марко 2:16-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои од вероучителите беа припадници на фарисеите. Гледајќи како Исус вечера со грешници и собирачи на данок, тие им приговорија на Исусовите ученици, велејќи: „Зошто Исус вечера со собирачи на данок и со грешници!?“ Исус ги слушна и им одговори: „На здравите луѓе не им е потребен лекар, туку на болните. За Мои следбеници не дојдов да поканувам „праведници“, туку грешници!“
Марко 2:16-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога книжниците и фарисеите Го видоа како јаде со грешниците и цариниците, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?“ А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните - туку грешниците на покајание.“