Марко 11:12-14
Марко 11:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Утредента, кога излегуваа од Бетанија, Исус огладне. Од далечина забележа една разлистена смоква крај патот и се упати кон неа да види дали има плодови. Кога дојде, не најде плодови, туку само лисје, зашто сe уште не беше време за смокви. Исус му се обрати на дрвото: „Од тебе никој веќе никогаш да не јаде плодови!“ Ова го слушнаа Неговите ученици.
Марко 11:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне; и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви. И Исус ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.
Марко 11:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И одда-леку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и ѝ рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“ А Неговите ученици слушаа.