Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10:35-45

Марко 10:35-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Завдаевите синови Јаков и Јован дојдоа кај Исус и Му рекоа: „Учителе, сакаме да те замолиме да ни исполниш една желба!“ „Што сакате да сторам за вас?“ - ги праша Исус. Тие Му одговорија: „Кога ќе седнеш на престолот во Твоето славно Царство, ние би сакале почесни места: едниот од нас да седи од Твојата десна страна, а другиот од левата!“ Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли вие да пиете од чашата на Моите страдања од која Јас наскоро ќе морам да пијам, и да се крстите со страдалничкото крштавање со кое Јас ќе се крстам!?“ „Можеме!“ - одговорија тие. Тогаш Исус им рече: „Ќе пиете од чашата од која Јас ќе пијам и ќе бидете крстени како и Јас. Но не Сум Јас Тој што решава кој ќе седи од Мојата десна, а кој од Мојата лева страна. Тие места ќе им припаднат на оние за кои Бог ги приготвил.“ Кога останатите десетмина слушнаа за ова, им се налутија на Јаков и на Јован. Затоа Исус ги повика сите заедно, и им рече: „Знаете дека оние што се прогласуваат за цареви владеат сурово над народите, а поставуваат и свои високи службеници кои ја користат својата власт над луѓето. Но меѓу вас не треба да биде така! Тој што сака да биде најголем меѓу вас, нека им служи на сите! Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека им биде на услуга на сите, зашто и Јас, Синот Човечки, не дојдов на светот за да Ми служат, туку да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина!“

Марко 10:35-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш пристапија кон Него За­ве­де­евите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“ Тој ги праша: „Што сакате да сто­рам за вас?“ А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а дру­ги­от одлево, во славата Твоја.“ Но Тој им рече: „Не знаете што ба­рате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крш­тавањето, со кое се крштавам Јас?“ Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но, да дозволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Ме­не; тоа е за оние, за кои е приготвено.“ Десетте, пак, штом го чуја тоа, не­годуваа против Јаков и Јован. Исус, кога ги повика, им рече: „Зна­е­те дека оние, што се сметаат за народни кнезови, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го да­де животот Свој за откуп на мнозина.“

Марко 10:35-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Му пристапија Јаков и Јован, Зеведеевите синови, и Му рекоа: „Учителе, сакаме да ни сториш, што ќе побараме од Тебе.“ Тој ги праша: „Што сакате да ви направам?“ Тие пак Му рекоа: „Дај ни да седнеме еден оддесно, а еден одлево, до Тебе во Твојата слава!“ А Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што Јас ја пијам или да се крстите со крштавањето со кое Јас се крштавам?“ Тие Му одговорија: „Можеме!“ Но Исус им рече: „Ќе ја пиете чашата што Јас ја пијам и ќе бидете крстени со крштавањето со кое Јас се кршта-вам; но да се седне оддесно или одлево до Мене, тоа не го давам Јас, а ќе им се даде на оние, за кои е приготвено.“ А Десетмината кога чуја, почнаа да негодуваат против Јакова и Јована. Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив. Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга! А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите, зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност