Матеј 9:35-37
Матеј 9:35-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус одеше по сите градови и села и поучуваше по синагогите, ја проповедаше Радосната вест за Божјото царство и исцелуваше луѓе со секакви болести и заболувања. Гледајќи го народот, душата му беше полна со сочувство, бидејќи луѓето беа збунети и беспомошни како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а жетвари има малку.
Матеј 9:35-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И одеше Исус по сите градови и села и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот. А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку.
Матеј 9:35-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето. А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку