Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27:57-66

Матеј 27:57-66 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик, дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело. Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина. Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија. Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите. Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“ Затоа, заповедај три дена да се чува Неговиот гроб, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат Неговото тело, па после да му кажуваат на народот дека Тој воскреснал од мртвите. Ако се случи тоа, последната лага ќе биде полоша од првата!“ Пилат им рече: „Еве ви стражари, па одете и чувајте како што знаете.“ Тие отидоа, го запечатија гробниот камен и поставија стража пред гробницата.

Матеј 27:57-66 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус; тој отиде кај Пилат и го побара те­лото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно, и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, от­како постави голем камен над гробната врата, си отиде. А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот. На другиот ден, по петокот, се соб­раа првосвештениците и фарисеите кај Пилат, и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘ Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учени­ците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“ Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.

Матеј 27:57-66 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде. А Марија Магдалена и другата Марија, седеа таму спроти гробот. А на идниот ден, по подготвувањето, првосвештениците и фарисеите се собраа кај Пилата и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „Ќе воскреснам по три дни.“ Затоа, заповедај да биде чуван гробот до третиот ден, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат, и да му речат на народот: ‘Воскресна од мртвите,’ и последната измама ќе биде поло-ша од првата.“ Пилат им рече: „Ене ви стража; отидете и чувајте како што знаете!“ Тие отидоа и го обезбедија гробот, го запечатија каменот - со стража.