Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик, дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело. Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина. Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија. Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите. Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“ Затоа, заповедај три дена да се чува Неговиот гроб, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат Неговото тело, па после да му кажуваат на народот дека Тој воскреснал од мртвите. Ако се случи тоа, последната лага ќе биде полоша од првата!“ Пилат им рече: „Еве ви стражари, па одете и чувајте како што знаете.“ Тие отидоа, го запечатија гробниот камен и поставија стража пред гробницата.
Прочитај Maтеј 27
Сподели
Спореди ги сите верзии: Maтеј 27:57-66
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа