Матеј 27:11-26
Матеј 27:11-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“ А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“ Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше. А на секој празник, гувернерот пушташе од затвор по еден затвореник, по избор на народот. Во тоа време в затвор беше еден озлогласен разбојник, по име Бараба. Пилат го запраша насобраниот народ: „Кого сакате да ви го ослободам: (Исус) Бараба или Исус, наречен ,Месијата‘?“ Пилат знаеше дека еврејските водачи му Го предадоа Исуса од завист. Додека Пилат го водеше судењето, му ја донесоа следната порака од неговата сопруга: „Не учествувај во осудувањето на Тој праведен човек, зашто ноќва имав морничави соништа поради Него!“ Но свештеничките поглавари и народните старешини го наговорија народот да бара ослободување за Бараба, а погубување за Исус. Гувернерот повторно го праша насобраниот народ: „Кој од овие двајца сакате да ви го ослободам?“ А тие извикаа: „Бараба!“ Тогаш Пилат ги праша: „А што да правам со Исус, наречен ,Месијата‘?“ Тие на сиот глас викаа: „Распни Го на крст!“ „Какво злосторство извршил?“ ги праша Пилат. Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“ Пилат виде дека ништо не може да постигне и дека викањето станува си погласно, па зеде вода, си ги изми рацете пред народот и рече: „Јас сум невин за смртта на овој човек! Ова е ваше дело!“ „Ние и нашите деца ја преземаме одговорноста за Неговата смрт!“ викаше целиот насобран народ. Тогаш Пилат им го ослободи Бараба, а на своите војници им нареди да Го камшикуваат Исуса и потоа да Го распнат на крст.
Матеј 27:11-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше. Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. А на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале. Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава. И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон заради Него.“ Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби. Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“ Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“ И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.
Матеј 27:11-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Исус застана пред управителот, и управителот Го праша: „Ти ли си Јудејски цар?“ А Исус рече: „Ти велиш“. И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, не одговараше ни-што. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не слушаш што сѐ сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управителот се чудеше многу. А на секој празник управителот имаше обичај да му пушти на народот еден затвореник, кого што би го побарале. Тогаш имаа прочу-ен затвореник, кој се викаше Варава. И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам? Варава ли, или Исуса, наречен Христос?“ Зашто зна-еше дека Го предадоа од завист. И додека седеше на судиската столица, неговата жена испрати до него да му кажат: „Не прави Му ништо на Тој Праведник, зашто денес многу пострадав, насон, заради Него!“ Но првосвеште-ниците и старешините го нагово-рија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби. Тогаш управителот во одговор рече: „Кого од двајцата сакате да го пуштам?“ А тие рекоа: „Варава!“ Пилат им рече: „А што да направам тогаш со Исуса, наречен Христос?“ Сите рекоа: „Да биде распнат!“ А тој рече: „Какво зло направил?“ А тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!“ А Пилат штом виде дека ништо не помага, туку викотницата станува сѐ поголема, зеде вода и ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник! Вие гледајте!“ И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!“ Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.