И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше. Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. А на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале. Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава. И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон заради Него.“ Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби. Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“ Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“ И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.
Прочитај Матеј 27
Слушај Матеј 27
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 27:11-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа