Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:1-12

Матеј 23:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на лу­ѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат. И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да ги ви­к­а­ат луѓето ‚Рави!‘ А вие немојте да се нарекувате ‚Ра­ви‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној Небесниот; и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач – Христос. Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде по­ни­зен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“

Матеј 23:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици: „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат. Си што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии, ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите; сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата. Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга, зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“

Матеј 23:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Исус му рече на на-родот и на Своите ученици; говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, затоа сѐ што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! Туку врзуваат тешки и неподно-сливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат. А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките; ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синаго-гите; поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’. А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко. Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос. А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.“