Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици: „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат. Си што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии, ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите; сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата. Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга, зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“
Прочитај Maтеј 23
Сподели
Спореди ги сите верзии: Maтеј 23:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа