Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:23-32

Матеј 21:23-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога дојде Тој во храмот и по­у­чу­ваше, пристапија кон Него прво­свеш­те­ниците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­во­рите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа. Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако ка­жеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ А ако речеме: – од луѓето, се пла­шиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“ И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“ „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. Дојде и кај вториот, и му го рече ис­тото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ То­гаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо: зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“

Матеј 21:23-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога Исус дојде во храмот и почна да поучува, Му пристапија свештеничките поглавари и народните старешини и Го прашаа: „Со какво право го правиш ова? Кој те овластил?“ Одговарајќи на ова, Исус им рече: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми одговорите ќе ви кажам и Јас со какво право го правам ова. Од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога или од луѓето?“ Тие почнаа меѓу себе да си шепотат: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте?‘ Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, се плашиме од народот, зашто сите го сметаа Јована за пророк.“ Затоа, тие Му одговорија: „Не знаеме!“ Тогаш Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам кој Ми го даде правото да го правам ова што го правам!“ Потоа Исус им рече: „Што мислите за ова што ќе ви го кажам: еден човек имаше два сина. Отиде кај постариот и му рече: ,Синко, ајде појди на лозјето и работи денес таму.‘ Тој му одговори: ,Не сакам!‘ Но подоцна се премисли и отиде. Таткото отиде и кај помладиот син и му го кажа истото, на што овој рече: ,Ќе одам, господине‘, но не отиде. Кој од двајцата ја изврши татковата волја?“ Тие Му одговорија: „Постариот!“ Тогаш Исус им рече: „Ве уверувам дека собирачите на данок и блудниците попрвин ќе доспеат во небесното царство отколку вие! Бидејќи, Јован Крстител дојде кај вас за да ви го покаже патот на праведноста, но вие не му верувавте, додека собирачите на данок и блудниците му веруваа. Дури ни откако го видовте тоа, вие не се покајавте и не му поверувавте.“

Матеј 21:23-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?“ А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Од каде беше Јова-новото крштавање? Од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа во себе, велејќи:“ Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’ А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.“ И Му одго-ворија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.“ “Но, како ви се гледа? Еден човек имаше два сина, па дојде при првиот и му рече: ‘Синко, оди и работи денес во лозјето!’ Тој одговори и рече: ’Нејќам!’ - но после се предомисли и отиде. Дојде при вториот и му рече исто така. А тој одговори и рече: ‘Одам, господаре’ и не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Рекоа: „Првиот!“ Исус им рече: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство. Зашто, Јован дојде при вас по патот на правдата и не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа. А вие видовте, но не се покајавте после, за да му поверувате.“