Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 21:23-32

МАТЕЈ 21:23-32 MKB

И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?“ А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. Од каде беше Јова-новото крштавање? Од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа во себе, велејќи:“ Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’ А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.“ И Му одго-ворија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.“ “Но, како ви се гледа? Еден човек имаше два сина, па дојде при првиот и му рече: ‘Синко, оди и работи денес во лозјето!’ Тој одговори и рече: ’Нејќам!’ - но после се предомисли и отиде. Дојде при вториот и му рече исто така. А тој одговори и рече: ‘Одам, господаре’ и не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Рекоа: „Првиот!“ Исус им рече: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство. Зашто, Јован дојде при вас по патот на правдата и не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа. А вие видовте, но не се покајавте после, за да му поверувате.“