Матеј 18:10-14
Матеј 18:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен. (Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.) Што мислите? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца? Па, ако ја најде, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени. Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.“
Матеј 18:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Внимавајте да не потцените ниедно од овие најмалечкиве, зашто нивните ангели на небото се постојано со Мојот небесен Татко.“ (Зашто Синот Човечки дојде за да ги спаси оние што се загубени.) „Што мислите: ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде по ридот да ја бара загубената? Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле! Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“
Матеј 18:10-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Гледајте да не презрете едно од овие мали; зашто ви велам, дека нивните ангели во небесата, постојано Го гледаат лицето на Мојот Татко, Кој е во небесата. Зашто Синот Човечки дојде да го спаси, она што е изгубено. Како ви се гледа? Ако некој човек има сто овци, и едната од нив залута, нема ли да ги остави деведесет и деветте по планините, и да појде да ја бара залутаната? И ако се случи да ја најде, вистина ви велам дека тој се радува за неа повеќе, отколку за деведесет и деветте, што не залутале. Така, не е волјата на вашиот Татко, Кој е во небесата да загине едно од овие, маливе.“