„Внимавајте да не потцените ниедно од овие најмалечкиве, зашто нивните ангели на небото се постојано со Мојот небесен Татко.“ (Зашто Синот Човечки дојде за да ги спаси оние што се загубени.) „Што мислите: ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде по ридот да ја бара загубената? Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле! Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“
Прочитај Maтеј 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Maтеј 18:10-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа