Матеј 15:1-20
Матеј 15:1-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време од Ерусалим дојдоа кај Исус некои фарисеи и вероучители и Го запрашаа: „Зошто Твоите ученици не ги почитуваат нашите стари обичаи!? На пример, тие не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење!“ А Исус им одговори: „А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!? На пример, Бог заповедал вака: ,Почитувај ги мајка си и татка си. Кој ќе проколне татко или мајка да се казни со смрт!‘ А вие велите: ,Доволно е само некој да рече дека имотот што го има му го посветува на Бога, и со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители!‘ На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед! Лицемери! Имаше право Бог кога преку пророкот Исаија за вас напиша: ,Овој народ со усните Ме почитува, но срцето му е далеку од Мене! Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘“ Тогаш Исус го повика народот да Му се приближи и му рече: „ Слушајте и сфатете дека, не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави.“ По ова Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија од она што Ти го кажа?“ А Исус им одговори: „Секоја садница што не е насадена од Мојот небесен Татко, ќе биде искоренета! Оставете ги; тие се слепи водачи кои водат слепи луѓе; а кога слепец води слепец обајцата ќе паднат во јама!“ Петар проговори и праша: „Објасни ни што сакаше да кажеш со оваа споредба?“ Тој им одговори: „Зар и вие уште не сфаќате!? Не сфаќате ли дека си што се јаде преку устата минува низ стомакот и се исфрла надвор? А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот. Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот. Тие работи го поганат човекот, а не непочитувањето на ритуалното миење на рацете!“
Матеј 15:1-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи: „Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание? Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој говори лошо против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘. А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘, тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание! Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: ‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘“ И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете! Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“ Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“ А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“ Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“ А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате? Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор? А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот; зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“
Матеј 15:1-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш фарисеите и книж-ниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: “Зошто Твоите ученици го пре-стапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.“ А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лице-мери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’“ И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.“ Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?“ А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.“ А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.“ А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули. Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јаде-њето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“