Тогаш фарисеите и книж-ниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: “Зошто Твоите ученици го пре-стапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.“ А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лице-мери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’“ И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.“ Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?“ А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.“ А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.“ А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули. Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јаде-њето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“