Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 14:22-32

Матеј 14:22-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И веднаш ги повика Исус уче­ни­ци­те Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот ду­ваше спротивно. Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“ А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус; но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Гос­поди, спаси ме!“ Исус веднаш му подаде рака, го фа­ти и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“ И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

Матеј 14:22-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротче и да испловат пред Него кон спротивната страна на езерото, додека Тој не го отпушти народот. Штом го отпушти народот, Тој се искачи на гората да се моли насамо. Веќе беше ноќ, а Тој си уште беше таму сам. А бротчето се наоѓаше сред езеро, под удар на силни бранови, зашто дуваше силен ветар во спротивна насока. Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“ Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“ „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“ Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“ Штом влегоа во бротчето, ветрот престана.

Матеј 14:22-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и извикаа од страв. А Исус веднаш им прого-вори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.“ А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.“ Тој пак рече: „Дојди!“ И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!“ А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?“ И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност