Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 14:22-32

Maтеј 14:22-32 MNT

Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротче и да испловат пред Него кон спротивната страна на езерото, додека Тој не го отпушти народот. Штом го отпушти народот, Тој се искачи на гората да се моли насамо. Веќе беше ноќ, а Тој си уште беше таму сам. А бротчето се наоѓаше сред езеро, под удар на силни бранови, зашто дуваше силен ветар во спротивна насока. Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“ Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“ „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“ Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“ Штом влегоа во бротчето, ветрот престана.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност