Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 5:27-35

Лука 5:27-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус излезе и здогледа еден собирач на данок, по име Левиј, кој седеше на даночна тезга, па му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус. Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок. А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“ На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните! Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“ Тогаш верските претставници Му рекоа на Исус: „Учениците на Јован Крстител редовно постат и се молат, како што прават и учениците на фарисеите, а Твоите ученици јадат и пијат!“ Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот е со нив? Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“

Лука 5:27-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој се­де­ше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сѐ, стана и тргна по Не­го. И во својот дом Левиј Му приготви го­лема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив. Книжниците, пак, и фарисеите не­годуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „Зошто со цариници и грешници јадете и пиете?“ Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“ А тие Му рекоа: „Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ Тој им рече: „Зар можете да ги на­те­рате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“

Лука 5:27-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата. А фарисеите и нивните книж-ници им негодуваа на Неговите ученици, велејќи:“ Зошто јадете и пиете со цариниците и греш-ниците?“ Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не дојдов да ги повикам праведните, туку греш-ниците на покајание.“ А тие Му рекоа тогаш: „Јова-новите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив? Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни.