Лука 5:27-29
Лука 5:27-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус излезе и здогледа еден собирач на данок, по име Левиј, кој седеше на даночна тезга, па му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус. Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок.
Лука 5:27-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој седеше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив.
Лука 5:27-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата.