Лука 22:66-71
Лука 22:66-71 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет. Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате! И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите. Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“ А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“. Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“
Лука 22:66-71 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Синедрионот, и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви кажам, навистина нема да поверувате. А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите. Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.“ И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“ А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.“
Лука 22:66-71 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога се раздени, се собраа на-родните старешини, свештени-чките главатари и книжниците, и Го воведоа во Синедрионот и Му рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ А Тој им рече: „Ако ви кажам, нема да поверувате. Ако ве прашам, нема да одговорите. Но отсега Човечкиот Син ќе седи од-десно на Божјата Сила.“ Тие сите рекоа: „Значи, Ти си Божји Син?“ Тој пак им рече: „Вие велите дека Сум Јас.“ А тие рекоа: „Зошто ни е потребно уште сведоштво. Самите чувме од Неговата уста.“