Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет. Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате! И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите. Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“ А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“. Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“
Прочитај Лука 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 22:66-71
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа